hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голужа и Марковиќ типуваат на Македонија

marka

Сите репрезентации од нашата група се сместени во ист хотел, во убавиот „Мериот„ во срцето на Доха. Често се дружат, разговараат, се шегуваат. Таму се официјалните средби со новинарите и секогаш околу пладне има видлива гужва, обид да се дојде до „парче„ нечие мислење пред големите средби. Така селекторите на БиХ и Хрватска, Драган Марковиќ и Славко Голужа го искажаа својот став пред нашиот меч со Словенија и ни дадоа блага предност.

„Македонија е во блага предност, но не сум сигурен дека е јасен фаворит. Словенија е многу незгоден ривал за сите противници, па така ќе биде и за вас. Им се враќа Цехта на лев бек, за да се обиде да го реши мечот со шут од надвор. Ќе биде неизвесно, но м давам блага предност на Македонците, пред сѐ поради проблемите на словенците на позицијата лев бек. Делуваат воиграно, сите натпревари овде ги одиграа на високо ниво" вели босанскиот предводник, Марковиќ.

goluza 1

Скоро да го дели истото мислење човекот кој со својата Хрватска ни го нанесе единствениот пораз во Катар:

„Македонија е апсолутен фаворит. Мислам едноставно тие се подобри. Нема врска што Словенија е четврта на светот од последниот Мундијал во Шпанија. Гледам дека на овј турнир тие имаат некои проблеми и поради повредите не се комплетни. Мислам дека ќе биде тежок натпревар со многу нервоза. Влогот е огромен" рече запрашан за нашето осминафинале, Голужа. Мечот Македонија почнува од 16:30 часот, а веднаш по него следи и второто осминафиналето во салата во Ал Саад, помеѓу Бразил и Хрватска.

Share