hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија - Словенија ќе ја судат литвански судии

litvanski sudii 2

На шест и пол часа пред мечот во кој влог е четвртфинале на светско првенство, организаторот ги одреди судиите и официјалните лица за нашиот и за останатите денешни три осминафинални меча. Така литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика ќе ја делат правдата на мечот со Словенија. Ова е второ нивно делегирање на ова првенство на меч на Македонија, откако го водеа мечот од третото коло во Б групата со БиХ, кој успеавме да го добиеме.

Официјални лица се Свен Олаф Оле од Норвешка, Хозе Антонио Хулин од Шпанија и Петер Сишелшмит од Германија. Мечот Хрватска - Бразил ќе го водат Мансур Абдула Ал Суваиди и Салех Жаман Бамутреф од Катар. Борис Милошевиќ и Матија Губица од Хрватска ќе судат на мечот Катар - Австрија, а нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани за дуелот Шпанија - Тунис.

Share