hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Дениќ: „Еве ви ја Словенија која ја сакавте, ќе играте бавно и не можете да го сопрете Зорман„

boris-denic 1si33m6ht3rqh17p28yxlhtwbi

Како да се чувствува нервоза во словенечкиот табор пред мечот со Македонија. Селекторот Борис Дениќ делуваше арогантно пред македонските новинари во оној простор, кога последниот словенечки тренинг беше отворен. Тој однапред се постави во улога на жртва и најави дека момците на Обрван ќе играа максимално бавно:

"Македонците многу не посакуваа за противник и еве не добија. Малку сум изненаден што дојдовте на тренинг, бидејќи и онака веќе не победивте пред мечот да почне. Се шегувам, секако. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, според мене шансите за победа се 50-50%. Ќе решава моменталната форма и голманите. Ние ќе ја играме својата игра, максимално брзо, тие максимално бавно. Ќе видиме кој стил на ракомет ќе победи" беше ироничен Дениќ.

renato vugrinec

Словенечкиот селектор се осврна и на посебниот меч за Вугрунец, кој за Словенија има 187 меча и 616 гола:

"Лазаров е врвен играч, истото важи и за Ренато Вугринец. Не ми е јасно зошто се крева толку голема тензија околу него. Сакаа да ги имаат двајцата во тимот и сега нека ги искористат. Секако дека можеме да ги сопреме, па не сме ние аматери. Може ли Јоновски и Марковски да го сопрат Зорман? Јас ви кажувам дека не можат. Но, секако дека ќе сторат се тоа да го направат" заврши Дениќ.

Тежината на неговите зборови најдобро ќе ја дознаеме попладнево по мечот.

Share