hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Словенија го уништи нашиот четвртфинален сон

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD- AH 7402 xlarge

Осминафинале

Словенија - Македонија 30:28 (16:15)

Со повеќе наши навивачи на трибините, Македонија тргна по победа над словенците и четвртфинале. По убавата комбинација на Миркуловски и Никола Марковски брзо поведовме, но Доленец за 3 секунди возврати со типичен словенски гол (1:1). По само 102 секунди, Манасков беше исклучен и со вториот гол на Доленец, нашиот противник прв пат поведе. Капитенот Лазаров од 10 метри го постигна својот прв гол за 3:3 во 7 минута.

За кратко останавме без Мојсоски и Миркуловски, заради незгодни падови на подот. Ново пријавениот Клемен Цехте со два гола го врати словенечкото водство, пред Манасков од позиција на лев бек да израмни на 5:5. Ритамот на мечот беше бавен, веројатно како што го подготвивме, па Лазаров од седмерец израмни на 6:6 во 14 минута. Стоилов на додавање на капитенот не врати во водство, но Гајиќ со молскавична контра веднаш возврати (7:7). Шкоф влезе во ритам и одбрани неколку топки, но Наумче Мојсоски го најде патот до мрежата со гол од чекор за 9:9 во 18 минута. Јуре Доленец во неполно едно полувреме заработи две исклучувања, но ние не реализиравме два седмерци.

 

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD- AH 7474 xlarge

Така Себастијан Скубе со два гола низ нашата одбрана го принуди Обрван на тајм-аут при 11:9 во 21 минута. 4-5 минути по тајм-аутот словенците ги одржуваа тие 1-2 разлика со потечна игра од нашата. Гоце Георгиевски од одпадок врати егал на 4 минути до одморот. И покрај нашата желба да го успиеме мечот, словенците пак даваа лесни голови, како овој на Јуре Натек за 15:14. На неколку секунди до одморот, Скубе со петтиот гол и носи предност на Словенија со 16:15. На почетокот на вториот дел, Шкоф го „прочита„ Георгиевски, а Доленец зголеми на +2. По заслуга на Борко Ристовски и контрата на Георгиевски, Македонија не му дозволи на противникот да се одлепи. Конекцијата Лазаров - Стоилов во следниот напад израмни на 17:17, но за Гајиќ нема никакво решение кога ќе се крене од крилна позиција (19:17). Голем удар за нашиот тим беше директниот црвен картон за Миркуловски во 36 минута, по ударот во главата на Урош Зорман.

Нашата игра влезе во криза, пораснаа техничките грешки и кога Гајиќ го постигна својот шести гол во 38 минута при 21:18, Обрван побара минута одмор. „Инфузија„ за нашите амбиции беше нереализираниот седмерец на Гајиќ и шестиот гол на Георгиевски (21:20). Конечно успеавме да „летнеме„ во контра во 42 минута, кога Георгиевски реализираше за 22:21. Исклучувањето на Велко Марковски скапо го чинеше нашиот тим и со головите на Доленец и Гајиќ, Словенија пак побегна (24:21). Одлично чуваниот Лазаров со инвидуална мајсторија дојде до 5 гол, за 24:22 на средина од вториот дел. Со многу доза на среќа и снаодливост, Стоилов даде гол со човек помалку за -2 на 13 минути до крајот. Извесно беше дека мора да го бркаме противничкото водство до крајот. Ниту Манасков не реализира седмерец и со 1 од 5 од линијата, како никогаш до сега лошо шутиравме казнени удари. Шкоф имаше 9 одбрани, голем дел од нив седмерци или зицери и по голот на Безјак на неполни 10 минути, нашиот ривал имаше големи 27:23.

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD- AH 7808 xlarge

Реакцијата на нашиот тим беа головите на Стоилов и Манасков за 27:25 во 53 минута. Натек со два изненадувачки гола од 9-10 метри ја чуваше словенечката залиха (29:26). Се обидовме со смена на одбраната на го неутрализираме одличниот словенечки напад, но на 4 минути до крајот на семафорот стоеше 23:27. Во двете ситуации во кои го имавме враќањето во мечот, Георгиевски и Прибак ги годеа стативите. Шкоф со десеттата одбрана по зицерот на Дејан Манасков ги „закопа„ нашите надежи за четвртфинале. На крајот конечни 30:28 за Словенија, која се доближи до успехот од пред две години и е на пат за олимписки квалификации. Во нашата репрезентација Кирил Лазаров постигна 7 гола, а имаше и 7 асистенции. Како него и Гоце Георгиевски постигна 7 гола, а Стоилов и Манасков додадоа уште по 5. Кај Словенија 9 гола даде Гајиќ, по 5 Доленец и Скубе, а Шкоф имаше 10 интервенции.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share