hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Најлесно е да се предадеме, сеуште можеме во Рио„

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD-GEO04 xlarge

Капитенски Кирил Лазаров се обиде да ја подигне групата, која беше разочарана по поразот и елиминацијата и порача дека не смееме да се предадеме и мора да продолжиме да го „бркаме„ сонот кој се вика - Олимпијада. Тој не навлезе во детални анализи, тоа го остави кога главите ќе се оладат, но констатира дека погубно е да се брка резултатот во вакви мечеви, кога психолошкиот ефект е многу поголем, одколку во нормален натпревар во група:

„Се уште е рано за детални анализи, но факт е дека е тешко да се игра, кога бркаш резултат, пред се на психолошки план, а ние постојано моравме да бркаме. Тие имаа водство речиси во текот на целиот натпревар и ментално тои им помогна. Не напушти и среќата, промашивме зицери, седмерци, Шкоф одбрани неколку неверојатни шутеви, а нашите голмани имаа топки во раце, па потоа тие завршуваа во голот. Такви се овие мечеви, нема место за поправен, и за жал, ние сме тие што загубија. Најлесно е да се предадеме. Јас верувам дека сеуште можеме на Олимписките игри во Рио. Овде целта не е остварена, но имаме уште една шанса во Полска и верувам дека не сме без шанси за нашиот сон да стане реалност„ констатираше Лазаров. Тој одигра уште еден комплетен меч со 7 гола и 7 асистенции, но и тоа не беше доволно да се влезе меѓу осумте најдобри во светот.

 You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share