hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Јоноски: „Шкоф не уништи, наместо мрежата ги годевме стативите„

jono

По поразот од Словенија на удар беше одбраната која прими 30 гола, а планот беше да се спуштат словенците до 22-24 гола и по можност да не се брка резултатот, туку како во Белград да се направи противникот нервозен. Но планот не успеа, а Јоноски ја превзема одговорноста, иако смета дека витештвото не изостана. Горазд Шкоф и неговите клучни интервенции исто така имаа голем удел во нашиот неуспешен обид за пресврт:

„Одбраната не беше на високо ниво, но имаше борба за време на целиот натпревар. Ова беше еден неизвесен меч за време на сите 60 минути, а на крајот кога ние се обидовме да се вратиме, нивниот голман одбрани зицери и не ни дозволи да успееме. Ги погодивме и стативите, наместо мрежата. Жалам што ја остваривме нашата намера" изјави Ацо Јоноски. Тој и покрај повредата играше 60 минути, иако видливо беше дека не е оној правиот и не може да биде најмобилен.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share