hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Миркуловски: „Можеби е време да менуваме генерација„

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD-GEO14 xlarge

Еден од нашите најдобро оценети ракометари на целиот турнир, Филип Миркуловски со многу тага која беше видлива и во гласот и на лицето, отиде подалеку од поразот и најави дека треба да се размислува за смена на генерации и за освежување на националниот тим. Веројатно идеална шанса за тоа ќе биде по европското првенство во Полска, кое сме на добар пат да го избориме:

„Можеби лошата одбрана го реши мечот, се однесувавме како да играме против кој знае која репрезентација. Можеби и моето исклучување, кое не требаше да го направам. Игравме со нозе тешки два тона, не знам што беше проблемот. Мислам дека ова беше последна наша шанса за пласман на Олимписки игри на оваа генерација. Можеби е време за промена на генерации, сите сме во зенитот на нашите кариери. Сите сме преку 30 години и треба да се размислуваме за подмладување. Но најнапред да ги одиграме уште квалификациите за европското првенство во Полска, а подоцна да влезе свежа крв во тимот" рече пред новинарите видно разочараниот Филип Миркуловски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share