hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Стоилов: „Исклучувањето на Миркуловски не пресече„

stoilov-6-624x394

Иако беше автор на 5 гола од 6 обиди, изнуди уште неколку седмерци и исклучувања и мораше да игра и одбрана, Стојанче Стоилов знае дека целта не е остварена, а смета дека можеби клучниот момент беше црвениот картон на организаторот на нашата игра Филип Миркуловски:

„Бевме подготвени, ама и тие беа за нас. Мислам дека црвениот картон на Миркуловски беше клучен, со него сигурно ќе имавме повеќе шанси. Штета, сепак мислам дека добро игравме на цело светско првенство. Првичната цел не ја исполнивме, но ќе гледаме да го оствариме тоа на следната шанса, на европското првенство идната година" констатираше Стоилов, кој по мечот рече дека се е во ред со неговата аркада, која беше скината уште од првиот дел, но јуначки издржа во текот на сите 60 минути. Неговиот втор мундијал донесе подобар резултат од претходниот, иако во истата елиминациона фаза сме елиминирани како и во Барселона во 2013 година.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share