hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Вие направете анализа, од шест меча, добивме четири„

DD1 3126-624x468

Ивица Обрван го призна поразот на официјалната прес-конференција и истакна дека овој мундијал е сепак позитивен, но за детали и анализи потребен е попогоден момент. Тој рече дека Македонија не бираше противник и дека налета на една расположена и денес подобра Словенија:

„Одигравме шест меча, загубивме два, а победивме четири, па вие направете анализа. По групната фаза налетавме на силен ривал, не го биравме, туку одигравме чесно. Одигравме тврд натпревар, бевме генерално послаби во фаза на одбрана и игра „еден на еден". Во клучните моменти промашивме зицери и чисти ситуации кои можеби ќе ни дадеа некоја надеж. Ние не ја темпиравме формата за да минеме во следната фаза. Денес бевме убедливо. Кога загубивме треба да му честитаме на ривалот. Ако дојдевме на еден гол, или ако погодевме, можеби ќе беше поинаку, никогаш не знаеш како би било" рече селекторот Ивица Обрван на прес-конференцијата по мечот и нашата елиминација. Репрезентацијата по допинг тестот се повлече во својот хотел и најверојатно утре ќе се врати за Македонија на една недела до крајот на првенството.

Share