hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ристовски: „Словенија заслужи, ние во целост потфрливме„

borko4-624x580

ФОТО:Спортмедиа

Нашите голмани имаа 7 одбрани, наспроти 11 на одличниот Шкоф. Иако разликата бројчано не се забележува, сепак одбраните на ветеранот беа одлучувачки, од чисти позиции или казнени удари. Борко Ристовски истакна дека победи подобриот противник и дека Македонија потфрли во сите сегменти на играта:

„Треба да бидеме реални и да кажеме дека Словенија беше подобра од почеток, па до крајот. Тие беа порасположени во секој сегмент, а имаа и подобар голман. Свесен сум дека ова беше еден од моите полоши настапи во репрезентацијата. Некои овој пораз ќе го сфатат како трагедија, а можеби е и така. Преодна оценка кај нас не заслужи никој, ниту голманите, ниту одбраната, ниту нападот. Сега треба да се направи детална анализа на целиот настап во Катар и да се извлече поука од сето ова" рече Борко Ристовски веднаш по елиминацијата од мундијалот. Сепак генерално мундијалот на нашиот прв голман е многу солиден и статистиката тоа го покажува.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share