hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нов одличен мундијал за Кирил Лазаров

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD- AH 7570 xlarge

Со 45 гола од 78 обиди и успешност од 57,69%, Кирил Лазаров зад себе остави уште еден многу позитивен мундијал. Реализираше 23 гола од 28 упатени седмерци кон противничкиот гол, а додаде уште 28 асистенции со што е втор на листата на асистенти, зад Микел Хансен. По 6 одиграни натпревари на мундијалот, македонскиот капитен е најкорисен ракометар до овој момент на шампионатот со 73 поени, што е за 8 поени повеќе од второпласираниот Драган Гајиќ.

Ова е четврто светско првенство за Лазаров и пак со одлична статистика, како во Хрватска 2009 година кога беше најдобар стрелец со 92 гола, со што го доби признанието најдобар стрелец на сите мундијали и во Шпанија 2013 година, кога постигна 44 гола на 6 одиграни натпревари.

Share