hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Георгиевски: „Разочарани сме, но Словенија беше подобра„

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD-GEO07 xlarge

Еден од нашите најпозитивни во мечот со Словенија, стрелецот на 7 гола, Гоце Георгиевски не го криеше разочарувањето по поразот од Словенија и елиминацијата од шампионатот. Сепак како и скоро сите наши репрезентативци спортски го признаа поразот на вчера подобрата екипа:

"Словенците беа поподготвени за овој натпревар, Ние бевме далеку од формата што ја покажавме во првиот дел од натпреварувањето. Игравме лошо и во нападот и во одбраната. Токму тука треба да ја бараме причината за поразот. Разочарувањето е големо, но оваа репрезентација не го кажала последниот збор. Не ни останува ништо друго освен бргу да се рехабилитираме од овој пораз и потоа да се фокусираме кон продолжението на квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска" констатираше Гоце Георгиевски.

Share