
Македонските ракометари денес од 11 часот по средно европско време со лет преку Истанбул патуваат за татковината по 10 натпреварувачки дена во Катар. Звучи парадоксално, но селекциите кои обезбедија пласман од 16 до 24 место разигруваат во „Президент Купот„ во „Духаил арената„ а оние кои испаѓаат во осминафиналето, се враќаат дома.
Сега сите наши професионалци ќе се посветат на своите клубови, а наредната репрезентативна средба е на 29 или 30 април, кога во Скопје ќе гостува европскиот првак Франција во третиот квалификационен натпревар за европското првенство во Полска 2016 година. Собирот на репрезентативците е на 24 април. „Фалангата„ уште ноќва, со лет некаде околу полноќ веднаш го започна своето враќање за дома, со првите летови преку Дубаи, Загреб и Истанбул.