hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мукаетов: „Треба да анализираме со ладни глави„

mukaetov-624x468

ФОТО: sportmedia.mk

Започнаа анализите на нашето четврто учество на светските првенства. Зошто не е остварена целта, дали таа беше реална или „летвичката беше превисоко поставена„ што и како понатаму? Ова се само дел од прашањата кои јавноста, но и професионалците си ги поставуваат. Во разговор со „седмата сила„ во хотелот „Мериот„ во Доха, претседателот Живко Мукаетов ја одложи анализата за во Скопје и тоа од стручен совет, кој федерацијата треба да го формира:

„Како репрезентација покажавме тимски дух, квалитет и посветеност. Од друга страна штета е и жал ни е што не успеавме да влеземе во четвртфиналето. Не успеавме да ја оствариме основната цел, да бидеме меѓу првите седум на мундијалот. Некогаш треба да се има и малку среќа, да се поклопат коцките. Ние го остваривме можеби најдобриот пласман досега, но, не успеавме да влеземе во олимписките квалификации. Управниот одбор на РФМ ќе направи целосна, здрава анализа, како се одвиваше настапот и ќе излезе во јавноста со извештај за тоа. За здрава анализа треба со ладни глави да се анализира. Ни следи формирањето на стручниот совет и другите оперативни работи„ рече претседателот на РФМ, Живко Мукаетов пред заминување од Доха, преку Истанбул за Скопје. Македонија вечерва ќе го знае својот пласман на мундијалот, откако ќе бидат одиграни останатите четири средби од осминафиналето.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share