hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Георгиевски: „Свесни сме каква шанса пропуштивме„

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD- AH 8405 xlarge

Со само неколку одспиени часови, македонската ракометна репрезентација утрово се упати кон аеродромот во Доха, од каде ги очекува 7-8 часовен лет преку Истанбул за вечерва да пристигнат во Скопје. Умор и разочарување се забележителни кај нашите момци, но и свесност каква шанса е пропуштена синоќа:

„Веќе со други глави може да се размислива еден ден по натпреварот. Свесни сме што загубивме вчера, каква огромна шанса имавме на тој натпревар. Таков е спортот, мора да се оди понатаму. Ние го имаме најдобриот пласман на светските првенства, но не ја остваривме главната цел, која се вика олимписки квалификации. Ништо не можеме да вратиме, продолжуваме понатаму, не чекаат квалификациите за европското првенство во Полска, нормално целта ни е да обезбедиме пласман таму, па ќе видиме потоа што понатаму„ рече пред заминувањето за аеродромот во Доха, Гоце Георгиевски. Ова за него беше второ светско првенство и виден напредок за разлика од Шпанија 2013 година. Со оглед на младост за Георгиевски ќе има нови вакви шанси да ја репрезентира нашата земја на големите приредби.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share