hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Позната деталната статистика на македонската репрезентација

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD-GEO41 xlarge

По шест одиграни натпревари и за нас завршен мундијал, позната е комплетната статистика на избраниците на Ивица Обрван на 24 мундијал. Бројките откриваат дека вкупниот процент на успешност на нашиот национален тим е 64% или 181 гол од 284 упатени удари. Георгиевски и Стоилов со 83 и 82% се нашите ракометари со највисок процент на реализација, но мора да се напомене дека шутираа 3-4 пати помалку од бековите. 42 гола постигнавме од 9 метри, 40 од линијата од шест метри, а 23 од седмерци и 31 од контранапади.

Лазаров со 45 гола и 28 асистенции е нашиот водечки ракометар во двете најважни категории. Следуваат крилата Манасков со 25 и Георгиевски со 24 гола. Сличен е процентот на успешност и на нашите голмани: Борко Ристовски со 31% и Петре Ангелов со 30% одбрани. Нашата селекција собра 35 исклучувања, што во просек е скоро 6 по натпреварот.

Комплетната статистика на македонската репрезентација во Катар можете да ја погледнете ТУКА:

Share