hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Честитки од МОК до ракометарите

mok so rakometarite

За време на десетто дневните натпревари на нашата репрезентација во Доха и Македонскиот Олимписки Комитет беше на местото на настанот, ја бодреше нашата селекција во обидот да се доближи до историскиот успех – да биде прва селекција од тимските спортови која ќе обезбеди учество на Летните Олимписки Игри. И покрај неостварувањето ва целта, сепак стигнаа честитките до нашите ракометари и стручниот штаб:

„Македонскиот Олимписки Комитет ја користи оваа прилика да ви го честита постигнатиот успех на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Катар. Силно веруваме дека македонската ракометна репрезентација на ова СП даде сѐ од себе, дека покажа голема борбеност и дека подготвено влезе на ова Светско првенство за да ја постигне зацртаната цел и да обезбеди пласман на квалификацискиот турнир за учество на ЛОИ Рио во 2016 година. Со секоја победа нашата радост беше се поголема, и иако поразот од Словенија ни предизвика голема тага, сепак играта и пожртвуваноста на македонските ракометари не уверија дека нивната игра и однесување беа на највисоко можно ниво. Во овој момент ја изразуваме нашата искрена желба и верба дека на претстојното Европско првенство во Полска, ќе биде остварена зацртаната цел и дека ќе биде реализирано долго очекуваното учество на најдобрите македонски ракометари на ЛОИ во Рио" се вели во сооптението на Македонскиот Олимписки Комитет.

Share