
Со денешните четири мечеви од осминафиналето, се знаат паровите за четвртфиналето кое ќе се игра во среда на 28 јануари. Седум европски репрезентации и Катар ќе играат за пласман во полуфиналето. За разлика од пред две години во Шпанија кога осум селекции од стариот континент беа во четвртфиналето, сега Катар ја разбива европската доминација. Шест селекции кои беа во четвртфиналето во Барселона и Сарагоза присутни се и во Доха:
Четвртфинале (28 јанури 2015 година)
Франција - Словенија
Шпанија - Данска
Катар - Германија
Хрватска - Полска