
По завршувањето на денешните четири средби од осминафиналето на светското првенство во Катар, познат е дефинитивниот пласман на селекциите од 9 до 16 место. Македонија и официјално е деветта, што значи најдобро пласирана од елиминираните репрезентации во осминафиналето. Зад нашиот национален тим останаа Шведска, Исланд, Египет, Тунис, Бразил, Аргентина и Австрија. Ова е најдобро наше постигање на светските првенства, откако во Египет 1999 година бевме на 18, во Хрватска на 11, а во Шпанија на 14 место.
Последни пласмани на нашата репрезентација:
СП Хрватска 2009 - 11 место
ЕП Србија 2012 - 5 место
СП Шпанија 2013 - 14 место
ЕП Данска 2014 - 10 место
СП Катар - 9 место