hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Како Барселона гледа на феноменот Лазаров?

MAJ 5077 resize

Густаво Хозе Галваче Тена е човекот задолжен за јавноста во ракометната секција на Барселона. Без него ништо не може да мине, па и мундијалот. Барса има голем број на учесници на ова светско првенство и Густаво ги следи сите од местото на настанот, се обидува да ги охрабри пред важните мечеви, а за македонските медиуми говореше и за тоа што претставува македонскиот интернационалец во големото семејство, Барселона:

„Кирил Лазаров придонесува за екипата на Барселона од два агли. Од терен, бидејќи е одличен ракометар, како што има покажано во сите големи европски клубови, каде што има настапувано и во националниот тим на Македонија. Но и со своето влијание во групата, во соблекувалната. Бидејќи тој е мирен човек, многу искусен и е еден од лидерите, кои во соблекувалната на Барселона сите внимателно ги слушаат.

Прв пат го видов кога настапуваше за Сиудад Реал, бидејќи претходните години се зборуваше дека може да дојде во Барселона, помислив дека сите овие години сме изгубиле голем играч. Но подоцна за среќа дојде да игра за Барселона. Тој е многу мирен, семеен човек, кој секогаш може да донесе интелегентна одлука и во победа и во пораз и знае да ја процени ситуацијата. Би вило убаво луѓето да знаат дека освен што е толку важен во репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров е и прекрасен човек. Невозможно е да не го сакаш. Играше во Сиудад Реал, во Атлетико Мадрид, сега е во Барселона и сите имаат неверојатна почит кон него. Кога Барселона игра со Вардар или Металург во Македонија, сваќаш дека ако во Барселона е сакан и почитуван, во Македонија е идол на нацијата„ заврши човекот кој видел и соработувал со илјадници професионалците во ракометната секција на Барселона, но зборовите кои ги одбра да го претстави Лазаров ретко за кого може да ги употреби. Секоја чест...    

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share