hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ракометарите конечно пристигнаа во Скопје

lazarov vo SK

Најдобрите македонски ракометари утринава, по преноќувањето во Истанбул поради доцнењето на летот од Доха за Турција, пристигнаа во Скопје на аеродромот „Александар Велики„ по настапот на мундијалот во Катар. Тие беа пречекани од ракометните фанови и нивни пријатели, како и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Сега нашите репрезентативци се насочуваат кон клубските обврски и Кирил Лазаров наредниот меч ќе мора да го игра во дресот на каталонците веќе на 4 фебруари, кога Барселона и Натурхаус Ла Роха од Логроњо го играат првиот меч од четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал.

Share