Скок на Салинас на листата на стрелците
Со своите 11 гола на денешниот меч од Президент Купот против Алжир, најдобриот и најефикасниот чилеански ракометар, Родриго Салинас изби на второто место на листата на стрелците, веднаш зад водечкиот Драган Гајиќ. Скок до петтото место направи и белорусинот Сергеј Рутенка, кој постигна 12 гола на мечот на неговата селекција против Чешка. Сепак и за Салинас и за Рутенка, денешниот беше последен меч за мундијалот. Салинас со 78 поени го мина Лазаров и во трката за МВП на мундијалот.
Листа на стрелци:
1. Драган Гајиќ (Словенија) 52
2. Родриго Салинас (Чиле) 52
3. Жарко Марковиќ (Катар) 49
4. Кирил Лазаров (Македонија) 45
5. Сергеј Рутенка (Белорусија) 43
Листа на стрелци + асистенти
1. Родриго Салинас (Чиле) 78
2. Кирил Лазаров (Македонија) 73
3. Сергеј Рутенка (Белорусија) 71
4. Жарко Марковиќ (Катар) 65
5. Драган Гајиќ (Словенија) 54