Денес е ден за четвртфиналните натпревари на мундијалот во Катар. Тие ќе се играат во термините од 16:30 и 19 часот. Хрватска - Полска (Лусаил арена) и Катар - Германија (Ал Саад) ќе играат од 16:30 часот, а победниците од овие натпревари в петок, во истиот термин ќе се сретнат во полуфиналето.
Натпреварите Словенија - Франција (Ал Саад) и Данска - Шпанија (Лусаил) ќе се одиграат в среда од 19 часот. Победниците од овие мечеви, во петок во истиот термин ќе играат во полуфиналето. Натпреварот за бронзата и големото финале се в недела во 14:30, односно 17:15 часот.