hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Катар ја разбива европската доминација

rivera qatar-600x399

Скоро секогаш ракометот бил европска игра. Не само што не освојувале титули на мундијалите, туку претсавниците на другите континенти, многу тешко доаѓале и во завршницата. Катар попладнево против Германија брка историско полуфинале, кое последен пат една неевропска репрезентација го изборила во Тунис 2007 година, кога домашната репрезентација влезе меѓу четирите најдобри и подоцна го освои четвртото место.

Претходно и Египет во 2001 година на светското првенство во Франција играше меѓу четирите најдобри, но не успеа да отиде подалеку и го освои исто така четвртото место. Тоа се единствените две полуфиналиња во кои не играа европски селекции меѓу себе. Сега момците на Ривера ќе се обидат да бидат првите азијци во полуфиналето, а зошто да не и првиот неевропски освојувач на медал. Барем имаат милион причини да го обезбедат полуфиналето, заради „дебелите„ премии на државата ако се мине четвртфиналето. А и неутралната публика повеќе ќе навива за Катар, бидејќи германците не им се симпатични на светот, заради вајлд-картата и повластениот статус.

Share