hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Најголема посета по свеченото отворање

SDC10717

Скоро и да немаше слободно место на мечот, кој ја отвори четвртфиналната програма меѓу Катар и Германија во „Лусаил арената„. Главно обоени во бело беа сите четири трибини на најубавиот спортски објект во близина на Доха, изграден пред само неколку месеци. Близу 15.000 луѓе, голем дел од нив катарани, ја бодреа својата репрезентација да стигне до шестата победа на светското првенство. За прв пат по свеченото отворање и мечот Бразил - Катар, скоро исполнета беше салата, што е прв пат на мундијалот.

SDC10720

Мечевите на домаќинот полека ја „креваат„ нацијата, иако половина од катараните во салата за прв пат гледаат ракомет и учат како се игра. Покрај нив и веќе познатата група на шпански навивачи со песна ја правеше акустиката и атмосферата во „Лусаил„ арената уште поубава. Само 200 германски навивачи делуваа безначајно покрај „бело-црвената„ катарска армија на навивачи. По овој меч и по дуелот Данска - Шпанија, организаторот на присутните во „Лусаил арената„ ќе му понуди концерт на Џејсон Дер

Share