
Катар и три европски репрезентации ќе ги распределат медалите,а Шпанија останува со опција да ја одбрани титулата. Прва за Катар и Полска, трета за Шпанија или петта титула за Франција е дилемата која ќе биде разрешена в недела. В четврток е единствениот комплетно слободен ден без ракомет, а полуфиналните мечеви се в петок. Мечевите за пласман од 5-8 место се предвидени за в сабота.
Полуфинале
Катар - Полска
Шпанија - Франција
Мечеви за пласман од 5-8 место
Германија - Хрватска
Данска - Словенија