hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кој е магионичарот на катарската клупа?

valero

Најтрофејниот ракометен тренер на сите времиња, Валеро Ривера пишува историја на клупата на Катар. Човекот роден во Сарагоза пред 61 година, најнапред го покори клубскиот, а сега доминира со репрезентативниот ракомет. Ривера го водеше „дрим тимот„ на Барселона и освои 6 европски титули, 5 титули на Купот на Купови, 1 Куп на ЕХФ, 5 Суперкупа на Европа, 12 АSOBAL лиги, 10 Купа на Кралот, 11 ASOBAL Суперкупа, 5 ASOBAL Купа, 13 Купа на Каталонија и 7 лиги на пиринеите, 1 злато и 1 бронза со Шпанија на светските првенства.

Кога се ќе се собере, човекот вкупно има 77 трофеи, со што е убедливо најуспешен тренер во историјата на ракометот. Ако стигне 78 трофеј, тоа ќе биде најголемиот подвиг во историјата на ракометот и тоа остварен со репрезентација, која веројатно во ниту една друга комбинација нема да одигра ваков турнир.

Share