hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Катар е првиот неевропски финалист на мундијал

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT- OB 0532 xlarge

Домаќинот на светското првенство дојде до историски момент не само за својата земја, туку и за светскиот ракомет. Од пред втората светска војна, кога почнаа мундијалите, ниту една репрезентација која не доаѓа од Европа не освоила медал, а со тоа не играла и финале. Катар на Валеро Ривера отиде чекор натаму и го мина успехот на Египет 1991 и Тунис 2005 година, кога овие две селекции играа полуфинале, а потоа ги губеа и мечевите за пласман во финалето и малото финале.

Така Катар има в џеб најмалку сребро, а Ривера со 15 победи и 1 пораз на светските првенства е апсолутен рекордер. Тој в недела ќе го освои 78 трофеј во кариерата, иако прашање е само со каков сјај тој ќе биде. Катар може да биде четвртиот домаќин на светско првенство во новиот милениум, кој освоил злато, по Франција, Германија и Шпанија. Од организаторите на мундијали од 2000 година до денес само Португалија, Тунис, Хрватска и Шведска не станале светски прваци.

Share