hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Полското ЕУРО ќе биде најспектакуларно до сега

SDC10776

На 11 и пол месеци до почетокот на наредното машко европско првенство, Полска одржа презентација на која потврди дека уште сега е подготвена за како што велат најспектакуларното европско првенство. По организацијата на фудбалското европско првенство заедно со Украина во 2012 година и светското првенство во одбојка оваа година, полјаците покажаа сериозност и околу наредниот голем ракометен самит по мундијалот во Катар. На 391 ден до стартот на шампионатот, Полска ги одреди градовите каде ќе се игра шампионатот. Гдањск, Катовице, Вроцлав и Краков со нови арени ќе му се претстават на ракометниот свет. Во сите четири града ќе се игра првата групна фаза, а во вторите групни натпревари домаќините ќе бидат Вроцлав и Краков.

Најголемата „Краков арена„ со капацитет од 15.000 ,места ќе биде поприште на полуфиналните и финалните натпревари, а во Краков ќе се игра за пласман од 5 до 8 место. Овој прекрасен град е најтуристичкиот во Полска и убава можност навивачите да поврзат туристички аранжман и да ја бодрат својата репрезентација. Ждрепката за распоредот на групите ќе биде на 19 или 20 јуни, а билетите за турнирот ќе бидат пуштени во продажба во март 2015 година. Македонија добро ги почна квалификациите за европското првенство во Полска 2016 година и има 3 бода по првите два натпревари. Пласман на овој шампионат многу ќе значи за нашиот национален тим со оглед на тоа што од шампионатот во Србија 2012 година, нашиот национален тим е постојан учесник на сите големи приредби, на некои и со феноменални резултати. Организаторот пред неполни два месеци во Будимпешта ја претстави и маскотата на шампионатот, која во овај случај нема да биде ниту момче, ниту девојка, ниту животно, туку рака.

SDC10767

Имено симбол на првенството кое ќе се одржи од 15 до 31 јануари ќе биде рака обоена во црвена и бела боја, кои ја симболизираат Полска и во златна боја која ја симболизира победата. Името на маскотата ќе биде одбрано преку конкурс во март наредната година. Голем впечаток остави и полското јаболко на кое беше изгравирано логото на шампионатот и преку прекрасната полска кујна е покана за љубителите на ракометот ширум целиот континент да не го заобиколат овој голем настан. Организаторот веќе почна да ги тестира објектите и дефинира турнири во секој од градовите домаќини. Така во Краков веќе на 28 декември се одигра „Божиќниот Куп„ со репрезентациите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија како учесници. Полска за прв пат ќе биде домаќин на едно европско првенство, а во претходните 11 никогаш не освоила медал, а најблиску беше во Австрија 2010, кога загуби од Исланд со 29:26 во мечот за бронзениот медал.

Share