hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Генсхајмер на Германија му подари олимписки квалификации

Germany vs Slovenia 150131Qatar 2015 M85 GER vs SLO- OB 0100 xlarge

Словенците подобро го почнаа мечот и благодарение на Јуре Натек кој постигна пет гола во првиот дел, поведоа со 4:7. Но Сигурдсон побара тајм-аут, Хајденветер влезе во посакуван ритам и германците се вратија во мечот. Генсхајмер погоди пет пати, неговите соиграчи дојдоа до 8:8, а потоа и ритамот и психолошкиот момент беше на нивна страна.

Грецки и Друкс го деморализираа Прост, кој не успеа топка да одбрани и на полувреме бундес-тимот побегна на 16:14. Предноста на германците многу брзо порасна, кога Уве Генсхајмер реализира уште два контранапади, со удари од неговиот репертоар. При 25:20, селекторот на Словенија Дениќ побара минута одмор, но неговите момци не можеа повеќе да се вратат. На крајот 30:27 и заслужена победа за Германија.

Волшебен беше Уве Генсхајмер со 13 гола, а Хајневетер на голот бранеше многу подобро од своите колеги Прост и Шкоф. Јуре Натек со 9 гола беше далеку најдобар словенечки ракометар. Драган Гајиќ даде 3 гола и со вкупно 71 гол е многу блиску светското првенство да го заврши како прв голгетер. Германија како седмо пласираната, а Словенија како осмо пласирана го завршуваат мундијалот. Разликата е што Бундес-тимот има обезбедени олимписки квалификации, а Словенија ќе чека расплет од азиските квалификации во ноември во Доха и од европското првенство во Полска во јануари 2016 година.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share