hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хансен и Кристијансен на Данска му го донесоа петтото место

Croatia vs Denmark 150131Qatar 2015 M86 CRO vs DEN- DAZ8919 xlarge

Не е секогаш лесно да се пронајдат мотиви во меч во кој само престижот е во игра. Но сепак на светско првенство нема неважни мечеви, па така Данска и Хрватска бараа позитивен меч за крај на својот шампионат. Данска помотивирано го одигра почетниот дел од мечот и тоа влијаеше на целиот тек на мечот. Мортенсен и Хансен отворија со лесни голови и користење на противничките грешки.

Дувњак беше индиспониран, па Голужа брзо го внесе Карачиќ. При 4:8, хрватскиот селектор побара тајм-аут и неговите момци реагираа со три неодговорени гола, главно на Слишковиќ. Но само со еден расположен ракометар невозможно беше да им се парира на силните дански ракометари. Грин се разбрани, проработе и Линдберг и при 9:14, Ивиќ го замени Мирко Алиловиќ. Со два гола од контранапад на Каспер Мортенсен првиот дел заврши со 11:15, со многу подобра игра на скандинавците. На почетокот на вториот дел Дувњак и Степанчиќ намалија на 14:17, но се играше многу подобро во нападот одколку во одбраната, а во таков меч данците беа во голема предност. Хансен дојде до својот шести гол за 17:20 во 43 минута. Две минути подоцна веќе Хансен имаше осум гола, откако со уште две „бомби„ го натера Голужа да побара тајм-аут при 17:22.

Хрватскиот селектор го измеша тимот и Штрлек во 48 минута намали на 20:23. Истиот ракометар во 51 минута реализираше идентичен контранапад и ја спушти дистанцата само на -2. Но со серија на голови на ракометарот на Хамбург, Ханс Линдберг, Данска пак се оддалечи. Ландин во последните неколку минути застана на голот на местото на Грин и одбрани 4-5 топки, колку што требаше Данска да го одбие нападот на хрватите. На крајот финални 24:28 за данската репрезентација, која загуби само еден меч и уште два пати играше нерешено и не успеа да го одбрани среброто од пред две години. Во данската репрезентација, Хансен даде 8 гола, Кристијансен блескаше со 6, Линдберг беше автор на 5 гола, а 4 реализираше Мортенсен. Кај Хрватска по 4 гола постигнаа Дувњак, Степанчиќ и Слишковиќ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share