
Во пресрет на малото финале и мечот со Шпанија, селекторот на Полска, германецот Михаел Биглер се одлучи да направи последна замена во својот ростер. Во потрага по медал, домаќинот на наредното европско првенство ќе тргне со Марсин Вихари на местото на Пјотр Масловски.
Со оваа замена на голот и лошиот ден на Славомир Шмал во полуфиналето, полскиот селектор веројатно сака да има „свежа крв„ меѓу стативите. Шпанија со блага фаворитска улога влегува во мечот со Полска кој почнува од 14:30 часот.