hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мркоња: „Знам што ќе значеше за Македонија пласман во четвртфиналето„

jasmin mrkonja rsa

Во улога на експерти на ова светско првенство се јавуваат голем број авторитетни имиња, легенди на светскиот ракомет, луѓе кои контиунирано и пасионирано го следат ракометот. Имавме можност од блиску светското првенство да го следиме заедно со бившата југословенска легенда, Јасмин Мркоња, кој беше во босанскиот новинарски тим на ова првенство. Тој говореше за македонскиот настап во Доха и импресиите за Лазаров и другарите:

„Македонија веќе неколку години е битен фактор во светскиот ракомет. Тоа се гледа на сите нивоа, од инфраструктурата која секоја година и година е подобра, од екипите посебно Вардар и Металург кои спаѓаат во врвот, во тој крем на европскиот ракомет. Преку играња во Лигата на шампионите, преку доведување на квалитетни засилувања во македонските екипи, така да Македонија заслужува секој респект и тоа овде го потврди. Со оглед на тоа што ние овде бевме сместени со вас македонците, во истиот хотел, ние толку се спријателивме што на мечот со Словенија навивав за Македонија и многу ми е жал што не мина понатаму. Знам што тоа ќе значеше за ракометниот свет и за нацијата, Македонија да се пласираше во четвртфиналето.

Вака Македонија остави сосема добар впечаток, штета што не поминаа бидејќи очигледно кај вас, како и нај нас ќе дојде до некои промени во репрезентацијата со оглед на тоа што имате неколку ракометари кои заради годините нема да можат уште долго да играат. Мислам дека треба да се искористат уште за ова европско првенство, за квалификациите и завршниот турнир и треба да размислувате за подмладување. Така да Македонија овде не мина незабалежително, напротив делуваа како една екипа која знае што сака, го покажаа тоа на теренот и пак велам тој меч со Словенија, можеше да отиде на страна на Македонија. Но мислам дека ќе биде голема работа ако Македонија оди во квалификации за Олимписки игри, ако ја победеше Словенија, но спортот е таков, така да тоа е сосема добра оценка за македонската репрезентација„ заклучи Мркоња. Тој беше дел од златната генерација, која стана светски првак во Швајцарија 1986 година, сребро 4 години порано во Германија, како и две олимписки злата. Со Металопластика, Мркоња освои се што можеше да се освои.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share