evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

„Петлите„ го урнаа жилавиот Катар за петтата светска круна

Qatar_vs_France_150201Qatar_2015_M88_QAT_vs_FRA-_DAZ1065_xlarge.jpg

Во зовриена атмосфера во „Лусаил арената„ 15.000 гледачи очекуваа и видоа големо финале. Онеста и Динар подготвија изненадување и Алекс Ниокас го почна мечот и погоди два пати во првите 10 минути. Грубата игра на домашната селекција не остана неказнета и Мабрук дури два пати беше исклучен во првите 10 минути. Семоќниот Никола Карабатиќ диригираше со одбраната, изеде многу ќотек, но постигна и 5 гола. Кога Франција се одлепи на 4:8, Валеро Ривера побара тајм-аут. Полека го подигаа своето ниво катарските шутери.

Капоте кој никој не знае како се опорави (веројатно неговата повреда не беше најсериозна, но се криеше вистинската дијагноза) мораше да шутира од 10-11 метри за да ја погоди мрежата на Омејер. Два пати во серија реализираше и Марковиќ додаде уште 4 гола за со интервал од 3:0, Катар да се доближи до 11:14. Спектакуларниот цепелин Ниокас - Порт успеа да го одбрани Шариќ и на одмор Франција имаше само +3. Вториот дел почна ветувачки за Катар. Шариќ одбрани две топки, Малаш постигна два инвидуални гола и резултатот веќе беше 13:14.

Qatar vs France 150201Qatar 2015 M88 QAT vs FRA- HOR8053 xlarge

Но десната страна од нападот на фаворитот одговори со головите на Бараше и Порт за 14:17. А и Омејер полека влегуваше во ритам. Но Хасаб Ала и Марковиќ возвратија со два врзани гола за 17:18 и исклучување на Сорондо. Бараше со два гола од класични одпадоци ја одржуваше француската предност од 1-2 гола, во моментите кога екипата на Онеста немаше течна игра (18:20). Даниел Шариќ го крена гледалиштето со неколку одбрани, но Омејер возврати со иста мера. Ветеранот Фернандез влезе за да го одмори Никола Карабатиќ и реализираше важен гол за 19:21 во 48 минута.

Камената француска одбрана ги одби нападите на катараните и Порт од контранапад го постигна својот трет гол за 19:22 и тајм-аут на Ривера. Блокот на Лука Карабатиќ и контрата за гол на Мае во 54 минута беше уште еден значаен момент зза доближување на водството на французите кон победа (21:24). Даниел Нарцис со инвидуална мајсторија ги разреши дилемите со гол за 22:25 на две и пол минути до крајот. И покрај силниот отпор на Катар, Франција победи со 22:25 и со осум победи и едно реми, без пораз е светски првак. Во француската репрезентација Никола Карабатиќ заврши лавовски дел од задачата, постигна 5 гола, беше лидер, додавач и дефанзивен столб. Веројатно во овој момент не постои покомплетен ракометар во светот. Порт и Нарцис дадоа по 4, Бараше, Гигу и Ниокас по 3 гола, но пак можеме да констатираме дека француската одбрана го донесе златото. Кај Катар Марковиќ беше автор на 7 гола, Капоте придодаде уште 6, Шариќ блескаше на голот, но за момците на Ривера повеќе од сребро, едноставно не можеше. По петтио пат во историјата Франција е светски првак и покажа дека знае како да игра финални натпревари.

apple google StoreIconAmazon