Познати првите учесници во олимписките квалификации
По завршувањето на финалниот натпревар на 24 светско ракометно првенство веќе е познато дека покрај домаќинот на наредните Летни Олимписки Игри, уште и светскиот првак Франција ќе игра директно на наредната Олимпијада и ќе може да го брани златото освоено во Лондон. Останатите 10 учесници ќе се добијат на два начини. Откако ќе завршат континенталните првенства и победниците ќе изборат директно место.
И откако ќе завршат Олимписките квалификации во април 2016 година. Сигурно место во тие квалификации од овој турнир изборија: Катар, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска и Германија. Исход од азиските квалификации во ноември оваа година, исто така во Доха и од европското првенство во Полска наредниот јануари 2016 година, ќе чекаат Словенија и Македонија.