hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мусави: „Македонија е добар тим, против Босна останавме без здив„

BOSNIA AND HERZEGOVINA - IRAN 150116Qatar 2015 M2 BIH vs IRI- HOR8519 original

Сајед Алиреза Мусави е еден од џиновите во иранскиот состав и еден од оние кој најдолго остана во игра на мечот со Б и Х, кој тој и неговите соиграчи го загубија. Тој има договор со Веспрем, каде покрај ракометни величини и покрај неговиот сонародник Жемали има простор за напредок. Но во склоп на иранскиот тим, Мусави се истроши и целиот тим на Мачек по одморот на полувреме „потона„ и му дозволи на противникот лесно да го сврти резултатот.

„Македонија е многу добар тим. Сигурно ќе ни создаде нови проблеми. Ние бевме евидентно уморни на мечот со Б и Х. Тие за разлика од нас имаат многу играчи кои играат во Бундеслигата и имаат ритам на натпревари. Се надевам на подобар меч против Македонија„ ни рече Мусави. Денешниот меч од 17 часот по македонско време ќе биде првиот меѓусебен меч на Иран и Македонија во историјата.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share