hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Наместо да се одмориме, ние се потрошивме„

lazarov-624x369

Иако скоро да го повтори личниот учинок од мечот со Тунис, капитенот Лазаров не беше ниду задоволен ниту среќен од 60 минути против Иран. Обидот рутински да се добие тимот на Мачек и ако е возможно да се зачуваат силите, потполно пропадна, па моравме да бараме обиколен пат до победата. На тој пат веројатно потрошивме повеќе енергија од предвиденото:

„Не сум задоволен како настапивме на денешниот натпревар. Наместо да се одмориме, ние се потрошивме повеќе од планираното. Што се однесува до стартната постава, можам да кажам дека кај нас нема прв или втор тим. Такво нешто не постои во денешниот ракомет. Сите ние имаме заедничка цел и идеја, и правиме сѐ истата да стане реалност. Згора на тоа, на секој играч од клупата му значи минутажата на денешниот натпревар, бидејќи со тоа истовремено добиваме подолга клупа. Сега нѐ очекува Б и Х, која ќе сака позитивен резултат. Сигурен сум дека ќе се поправиме и дека добро ќе го анализираме противникот" изјави Лазаров, кој постигна 9 гола против трето пласираната азиска селекција од минатогодишниот континентален собир.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share