ВИДЕО: Георгиевски: „Не бевме сјајни, но ја исполнивме целта„
Гоце Георгиевски посебно во првиот дел најбрзо трчаше во контранапади и ги користеше додавањата на Петар Ангелов. Позитивно е што и самиот е свесен дека Македонија не беше како што треба да биде и дека освен резултатот нема кој знае што позитивно да се издвои од мечот со иранците:
„Јасно ни е дека не бевме на вчерашното ниво и дека не бевме оваа репрезентација која сите од нас ја очекуваат. Но најважно е што сме свесни дека го потценивме противникот и влеговме лошо во натпреварот. Сега имаме слободен ден и можност да се опоравиме по напорите на првите два меча во два дена и со свежи сили да се обидеме да ја добиеме Босна и Херцеговина„ рече крилото на Металург, кој како и вчера, така и денес ги искористи своите топки и погоди од позиција на крило и најчесто преку контранапади.