hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Не бевме добри, но сите треба да го почувствуваат системот„

ira-mak-1

Критични расположен кон колективот, но и доследен на своите идеи, селекторот Ивица Обрван ги пофали таканаречените „втори линии„ и истакна дека проблемот не беше во ротацијата туку во максимумот, кој како тим не го дадовме попладнево во Доха. Иран се охрабри, имаше свои моменти, но победникот не беше доведен во прашање, меѓу другото и заради влегувањето во игра на триото Лазаров - Миркулоски - Мојсоски:

„Добро почнавме, играчите добро се движеа во нападот, а потоа почнавме да грешиме и да доцниме, па нивните шутери почнаа да погодуваат. Но момците кои играа во тој период одиграа коректно. Недановски на пример, па и Прибак. Ангелов беше многу солиден, иако беше како пред „стрелачки вод" но си ја заврши работата. Не ги потрошивме сите сили до крај. Кога беше тесно го игравме највоиграното со години. Имавме цел да победиме и тоа го сторивме. Во ниту еден момент не беше доведен во прашање нашиот триумф. Прибак го менуваше Миркуловски, Кире Лазаров одигра 40 минути и тоа само во напад, ги распоредивме добро силите, но сите играчи треба да играат и да го почувствуваат системот. Тоа ми беше целта и идејата на овој натпревар„ заврши Обрван на официјалната прес-конференција по мечот со Иран.

Share