Наредната цел на французите - тројно олимписко злато!
Се прашувате што е наредната цел на тимот кој освоил се и тоа неколку пати. По втор пат во ист момент, Франција ги поседува сите три најзначајни трофеи во своја сопственост: европската, светската и олимписка титула. Наредната цел на избраниците на Онеста е тројна последователна олимписка титула. По Пекинг и Лондон, наредната година во Рио „триколорите„ ќе нападнат ново злато. И покрај годините Омејер и Жером Фернандез потврдија дека сеуште ќе играат, а Онеста приземјува:
„Имаме млада генерација, уште се развиваме. Горд сум што минатата година станавме европски прваци со многу млад тим. Имаме многу играчи кои растеа за време на овие шампионати. Добро е што се квалификувавме за Рио, а што ќе биде таму е рано да предвидуваме. Сигурно ќе бидеме меѓу фаворитите. Сега ред е да прославиме„ заврши Онеста неколку часа по финалето, и натаму достапен за новинарите во Доха.