evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Ривера среброто го посветува на внуците, Онеста горд на своите

onesta i portew

Официјалната прес-конференција по мечот го покажа огромното задоволство кај французите што дојдоа до нова круна, но и гордоста на катарските ракометари и селекторот за освоеното сребро:

„Тоа беше голем меч и ние игравме многу добро. Среќен сум за се што се случи на турнирот. Оваа земја, оваа асоцијација и овој тим го заслужи ова сребро. Овој успех го посветувам на катарската ракометна федерација и на моите три внуци„ истакна Ривера без ни малку жал за пропуштената шанса за победа во финалето.

Неговиот колега Клод Онеста ги наполни со комплименти своите ракометари:

„Горд сум за оваа победа. Тоа беше многу тежок натпревар. Демонстриравме одличен настап и оваа победа е многу важна за нас„ рече селекторот на победничката репрезентација.

На средбата со новинарите на кратко емоциите ги пренесе и најкорисниот ракометар на турнирот, Тјери Омејер:

„Пак сме светски прваци и златниот медал ме прави многу среќен и горд. Катар беше тежок противник, но ние ја имавме контролата врз мечот во секој нејзин дел. Мислам дека одигравме фантастичен турнир и заслуживме да се вратиме на врвот. Да се биде како фамилија е најважната работа за тимот кој победува. Работевме напорно за да стигнеме до овде. Неверојатно е што стигнав до четвртото злато. Секогаш имав фантастични соиграчи. Не можам да ги споредувам, бидејќи сите четири титули имаат нешто специјално и имаат свој значај„ заклучи Омејер, кој е првиот голман кој е прогласен за најкорисен ракометар на еден мундијал во првенствата во новиот милениум.

apple google StoreIconAmazon