hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Онеста: „Катар не е виновен, правилата се на IHF, ако одбраната биде во ред, добиваме„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- OB 9921 xlarge

По вчерашните два тренинзи, Франција делува спремно за денешното мундијалско финале кое може да ја смени историјата на модерниот ракомет. Ако стане светски првак Франција ќе ги мине Романија и Шведска на вечната листа и со пет титули ќе биде суверен владетел на светскиот ракомет на влезот од 20 во 21 милениум. Главниот архитект на француското „чудо„ Клод Онеста не му замери на Катар што создаде репрезентација од разни националности, но најави дека тоа искуството од вакви натпревари може да биде одлучувачки фактор:

„Секако дека е необично финале, но можеме да зборуваме многу време зошто една репрезентација може да игра со толку националности, но тоа се правилата на ИХФ. Тоа не е проблем на Катар. Катар направи тоа што правилата му дозволуваат. Ќе видиме, мислам дека овој Катар живее прекрасен момент. Ние исто така знаеме да играме финалиња на гостински терен. Победивме во Хрватска, во Данска и ќе видиме што ќе се случи„ истакна Онеста.

Францускиот тренерски геније имаше само пофални зборови за неговиот колега Ривера и за се што тој донесе во катарската репрезентација:

„Тој е голем тренер, но екипата на Катар пак ќе речам, живее еден сон и ако настанат проблеми, полека може да исчезне. Со притисокот од моментот. Ќе видиме, ако играме одбрана како што играме овие 3-4 натпревари мислам дека ќе биде многу важен елемент за нас„ заврши Онеста.

Финалниот меч Катар - Франција се игра попладне од 17:15 часот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share