hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Бараше: „Бевме обединети и затоа успеавме„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- OB 9491 xlarge

Само 16 гола во второто полувреме, наспроти двојно повеќе 32 во првиот дел, јасно покажуваат како се играше кога посреди е финале на светско првенство. Одбраната, Омејер и сплотеноста на францускиот тим во одбраната се факторите кои ги издвои Ксавиер Бераше по победата од 26:22 против Шпанија. Младиот десен бек на „галските петли„ по втор пат ќе игра финале на светско првенство и многу веројатно како стартер:

„Физички многу тежок, исцрпувачки натпревар до последната 60 минута. Имаше многу замени во двете репрезентации поради тоа. Кога ќе погледнете дека беше 8:8 во вториот дел ќе видите колку беше комплицирано. Не пронајдовме многу решенија кон нивниот гол, и нивниот голман беше одличен, но бевме обединети и благодарение на одбраната на крајот успеавме. Мислам дека одбраната беше клучна, но и голманите беа одлични. Тити бепе енормен, како и на претходните два меча. Ние бевме солидарни, здружени до самиот крај и тоа ни се врати со победата„ истакна Ксавиер Бараше, кој мина една сезона со нашиот Кирил Лазаров во дресот на Атлетико Мадрид.

Долги години со пензионирањето на Жоел Абати, Франција остана без квалитетен избор на позицијата десен бек, но Бараше и Порт потврдуваат дека треба да им се верува. Бараше претрпе и критики за играта во одбрана, но покрај такви дефанзивни и со Онеста и Динар на клупата може само да напредува во иднина.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share