hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Угалде: „Не респектираат, затоа и се доближивме, но важен е само резултатот„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- HOR6361 xlarge2

Извесно беше дека кога играат Франција и Шпанија преку средината на одбраната скоро и да е невозможно да се мине. Затоа крилата имаа малку повеќе простор дас реализираат преку позиционен напад или преку транзиција. Одличен натпревар одигра ракометарот на Веспрем, Угалде, кој со пет гола беше најефикасен на средбата во поразениот табор. По мечот не му беше лесно да ги пронајде причините за пораз:

„Направивме многу грешки во првото полувреме, заминаа на 4 гола разлика и тоа беше важен момент. Таа лоша игра во првото полувреме ни се одрази и во вториот дел кога малку ни недостигаше да се вратиме, клога бевме на 1-2 гола до нив. Знаевме дека можеме да победиме. Воопшто не им се плашевме на французите. Ние сме меѓу малкуте репрезентации во светот кои Франција ги респектира. Знаат дека можеме да им искомплицираме, ги победивме на европското првенство во Србија, игравме често и нерешено и затоа не ценат. И знаат дека и кога ќе побегнат на 4-5 разлика, секогаш можеме да се вратиме како и што беше. Но на крајот тоа што е важно е резултатот, а тие не победија„ заклучи Угалде пред нашиот микрофон.

Не е ни малку лесно да се препушти светската титула, но шпанците таа ја препуштија во вистински раце, веројатно кај единствениот меродавен наследник. Потврда за тоа треба да стигне утре во големото финале со Катар од 17:15 часот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share