hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Шпанците „пролеаа крв„ пред францускиот зид

viran moros 2

Симболично, но сепак точно, дуелот на Шпанија и Франција синоќа беше судир на титани, какви што немаше претходно во 18 дена од турнирот. Посебно во вториот дел можеше да се забележи колку е тешко да се освои просторот, да се најде „дупка„ во противничката одбрана, да се постигне гол.

„Грамади„ од спортисти влегуваа безпоштедно во дуели, бидејќи влогот наречен финале, а можеби и титула е огромен. На средината од првото полувреме шпанскиот ракометар на Барселона, Виран Морос настрада при еден физички дуел со Никола Карабатиќ, па срадаше неговата уста. Пролеа и крв, но без проблем го продолжи и го доигра мечот. Со ракометари како него, Гвардиола, Сорондо, Лука Карабатиќ, Канељас, Никола Карабатиќ минување низ одбраната нема, а и кога ќе се минат тука се голманите кои не е лесно да ги совладаш. И денес не престануваат коментарите за вчерашниот меч, кој веројатно беше кулминација на турнирот.

Share