hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ривера: „Планот беше +3 на полувреме, овие момци ги исполнуват плановите„

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT- OB23368 xlarge

Можеби катараните ќе го величаат Шариќ или Капоте, Марковиќ и Борха Видал, но сите кои малку подлабоко ќе го анализираат шампионатот и патот на домашната селекција преку Австрија, Германија и Полска до финалето, знаат кому му се препишуваат најголемите заслуги. Валеро Ривера извлече максимум од своите момци и на прес-конференцијата по мечот откри дека планот беше на полувреме да се има +3 или +4 што и се случи:

„Разговаравме и пред мечот да се обидеме да имаме 3-4 гола предност на крајот од првото полувреме. Знаеме дека тоа е предност. Но знаеме и дека Полска ги доби своите мечеви со пресврт во вториот дел против Русија и Хрватска. Но ете за среќа ја имавме таа предност на полувреме и знаевме како да се носиме со неа до крајот. Но мора да потенцирам и дека полските ракометари беа многу добри„ истакна Валеро Ривера по пласманот во финалето. Човекот кој е најголем победник во светот на ракометот за два дена ќе го има најголемиот предизвик во кариерата. Како подвигот да се заокружи и да се стигне до титулата, преку најмоќната ракометна сила на денешницата, Франција на Онеста.

Share