Селекторот Биглер горд на своите ракометари
Кога ќе го отворите мечот со осум реализирани напади против една од најдобрите одбрани на овој шампионатот, мечот ви изгледа како предодреден за успех. Но работите не одеа најдобро по Полска во втората половина од првиот дел и наместо да го зацементираат водството до одморот, тие му подадоа рака на катараните да се вратат. Селекторот Михаел Биглер сепак нема ни збор што да им приговори на своите ракометари:
„Сакам да му честитам на мојот тим, кој направи се како што треба и како што се договоривме пред мечот. Можам да говорам и за неколку грешки кои ги направивме во додавањата, исто и во одбраната, но горд сум што се боревме да се вратиме во мечот„ рече германецот Биглер, кој може да му го донесе третиот медал од светските првенства на Полска, ако в недела во малото финале ја совлада Шпанија. Централниот бек, Пјотр Масловски по мечот беше разочаран: „Во последните 10 минути судиските одлуки беа во полза на домаќините. Но и покрај тоа мислам дека мојот тим треба да биде горд на постигнатото и в недела силно ја посакуваме бронзата„ заврши полскиот ракометар. Тешко беше да се поверува дека по одличното отворање во мечот, Полска ќе ги испушти „конците„ уште пред одморот, но Катар покажа и голема ментална сила, иако на голем дел од ракометарите на Ривера, ова им е прво светско првенство. Носењето со притисокот не е неважна работа во ваков тип на натпревари.