Каденас: „Мечот го реши еден од најдобрите голмани во историјата„
Можеби шпанците ќе мораат да го скенираат судењето на словенечките судии, но селекторот Маноло Каденас не ги ни спомна делителите на правдата на официјалната прес-конференција. Им ја стекна раката на Онеста и Омејер и ги наполни со комплименти, кои меѓу другото и тоа како се основани:
„Првото полувреме беше многу тешко за нас. Тие во тој период играа одлично. Нашата игра во напад беше подобра во вториот дел, но на крајот еден од најдобрите голмани во историјата го реши мечот. Знаевме дека ни треба перфектен меч за да ја добиеме Франција, и направивме се што можевме. Сепак тоа не беше доволно против еден од најсилните тимови на сите времиња„ спортски го призна поразот не говорејќи за судиите, селекторот Каденас.
По бронзата освоена минатата година во Данска, сега в недела тој ќе може да го повтори истиот успех и на катарскиот мундијал. Само што сега ќе мора да ги мине неговите полјаци. Имено од минатата сезона, Каденас е тренер во вицешампионот на Полска, Висла Плос и веќе направи еден подвиг оваа сезона, бидејќи единствен ја победи Барса на Пасквал и Лазаров во официјален меч во сезоната 2014/15. Сега Каденас ќе мора да ги победите своите полјаци за нов медал на двократниот светски првак.