hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Чема Родригез: „Не можам ништо да обвинувам без видео снимките„

cema

Еден од оние шпански ракометари на кого поразот тешко им падна е Чема Родригез, кој не успеа да го пробие Францускиот „зид„. По мечот не сакаше да влегува во полемики иако по изразот на лицето не му се допадна арбитражата на словенечките судии:

„Тежок меч, одбраните беа фантастични и голманите исто така. Не можам да зборувам за судиите без да ги видам видео снимките, иако реагиравме доста во текот на мечот. Мислам дека физички париравме, примивме многу голови во првиот дел, но до последен момент бевме во мечот и штета што не успеавме. Сега треба да се одмориме и да се дигнеме за мечот за бронзата в недела„ истакна плејмејкерот на Веспрем, Чема Родригез, кој заедно со Раул Ентрериос ја организираше играта на шпанците. Момците на Каденас беа дури и поблиску од пред една година во Данска, но и на шестиот последователен меч, загубија од Франција. Последен пат славеа во Нови Сад, кога во групната фаза беа подобри од троколорите и ги исфрлија од борбата за медалите.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share