hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Онеста: „Влијанието на Динар на овој тим е огромно„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA-SUKI2399 xlarge

За некои ова беше инфаркт меч, а за францускиот тим кој навикнал да игра вакви мечеви на големи приредби, меч како денес да изгледаше чиста рутинач. И кога оди и кога не оди, тие се дефанзивно неверојатно стабилни, а голманот Омејер таа стабилниост ја трансформира во неминливост. Генерацијата на Омејер и Онеста е блиску до нивната трета светска титула, а Клод Онеста го велича триумфот во ракометното „класико„

: „Мечот го добивме во првото полувреме, кога игравме добро во нападот и кога успеавме да им дадеме многу голови. Подоцна со нашата одбрана која беше величенствена добивме уште едно светско „класико„. Омејер сигурно имаше свој ден, но го имаше и Гонзало во последните 10 минути и Шпанија можеше да победи. Динар секако дека е неизбришлив дел од оваа генерација. И како играч и како тренер неговото влијание е огромно. Тоа што најдобро го знае, играта во одбрана ,и денес посебно во вториот дел функционираше. Уште едно финале и како играме во вториот дел од турнирот, оптимист сум дека можеме до круната„ истакна трофејниот Клод Онеста, кој е на прагот да го и надмине Константини. Ако в недела го добие Катар, тој по трет пат ќе биде светски првак, а неговата Франција со пет светски титули ќе ја мине Шведска на вечната листа.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share